Реконструкција на тротоарите на ул „Кеј 1ви Мај„- граѓаните можат да се вклучат со свои предлози

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По должината на улицата „Кеј 1-ви Мај“ до  железничкиот мост на кејската улица. се врши комплетна  рекнструкцијата на тротоарите, за безбедно движење на пешаците.

„Проектот опфаќа целосна реконструкција и уредување на тротоарот со бекатон плочки, поставување ново улично осветлување, кое досега недостасуваше на овој потег, како и поставување урбана опрема, со што просторот ќе биде безбеден и функционален за пешаците. Со оваа инвестиција значително се подобруваат безбедноста, функционалноста и изгледот на кејскиот појас, кој е важна пешачка и рекреативна зона за сите граѓани, особено за жителите од околните населби.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кои беше на увид на градежнит активности.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 7 милиони денари. Целта на проектот е подобрување на локалната инфраструктура , а проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, се спроведува како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија„ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт, со финансиска поддршка од Светска банка.

Во реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, општина Прилеп ги  вклучува и граѓаните да земат активно учество, во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат.

Транспаретно, на официјална веб страна од општината веќе е достапен т.н „Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“

Образецот за поплаки на веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

Образец за поплаки ќе остане објавен на официјалната веб страна на Општина Прилеп за целиот период од спроведување, сѐ до завршувањето и затворањето на проектот. А, сандачиња  за жалби и поплаки се ставени и во приемно одделение  ЕЛС Општина Прилеп.

Со започнување на градежните работи општината се обврзува да ја информира јавноста, односно локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: