(ВИДЕО)Алексовски: Заштитен бренд на прилепскиот тутун е квалитетот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кога ќе се спомне тутун тоа веднаш асоцира на Прилеп, а Комбинатот е неизоставен дел од мозаикот во кој што токму оваа компанија беше темелот, а денес е локомотивата во тутунопроизводството и пласманот на оваа индустриска култура.За текот на откупот, за производството на цигари, за финансиската консолидација на Комбинатот, за стратешкото партнерство со Филип Морис, за остварените, но и за плановите што ќе следат разговаравме со првиот човек на Комбинатот Александар Алексовски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп:

Какви се оценките за текот на откупот како една од 10 те компании вклучени во кампањата?
Тутунарите бараат фер цени и рамноправна положба при договарање и утврдување на цените. Колку е ова остварливо? Што треба да се земе во предвид при утврдувањето на цените?
Со што ќе резултира непочитувањето на класната селекција на тутунскиот квалитет за реномето на македонското тутунопроизводство?
Како се одвива партнерството со Филип Морис во модернизација на технолошкиот процес за продукцијата на цигари?
Дали следната 2026 та година може да се очекува продолжување на стратешкиот договор со Филип Морис и голем исчекор во консолидацијата на Тутунски Комбинат АД Прилеп?

Плафонот на цени е веќе достигнат. Прилепскиот тутун не е баран на пазарот затоа што го има многу, туку затоа што има квалитет. И ние треба да се вратиме на тие стари патеки. Сметам дека во иднина треба добро да размислиме во кој правец ќе се движиме. Да не дојдеме во целост или делимично да го изгубиме тутунопроизводството. Со тоа ќе изгубат тутунопроизводителите, ама ќе изгуби и државата во извозот, бидејќи тутунот е една од земјоделските гранки од кои државата остварува најголем девизен прилив.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...