Зимата пристигна, денеска е краткоденица, сонцестој – најкраткиот ден од годината

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ.

Вечерва, 21 декември 2025 година, во 22 часот и 3 минути по средноевропско време ќе настапи зимскиот солстициј, моментот кога Сонцето е на својата најниска позиција на хоризонтот и кога на северната хемисфера календарски ќе почне зимата. Метеоролошката зима почна на 1 декември.Северниот пол денеска е најдалеку од Сонцето, а јужниот пол е најблиску. На јужната Земјина полутопка денеска ќе почне летото.

Од утре денот ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, на 21 јуни, 2026 година, кога ќе почне летото.

И покрај тоа што светлината од утре ќе почне да се зголемува, најстудениот период допрва следи, поради таканаречената „термална инерција“, односно, Земјата бавно се лади и бавно се загрева.

Што се однесува до временската состојба се очекува стабилно и тивко време деновиве кое ќе се задржи до вторник, со појава на магла и зголемена облачност во одделни котлини. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите повремено ќе преминуваат во снег

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МЕПСО: ЗАМЕНАТА НА ПРОВОДНОТО ЈАЖЕ ЗНАЧИ СИГУРЕН И СТАБИЛЕН ЕЛЕКТРОПРЕНОСЕН СИСТЕМ

Прилеп и населените места денеска на најстудениот ден беа без напојување на електрична енергија во периодот од 06: 30 до 11 и 30, а некои населби во градот и пред тоа беа приклучени на електроенергетскиот систем. Исклучувањето беше дел од планирани активности на електропреносната мрежа, со кои се изврши демонтажа...

Промовирани две книги за деца на Иван Антоновски

Денеска на пладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа промоција на книгите „Бакнежи од небото“ и „Градина полна латици“ на авторот Иван Антоновски. Со оваа предновогодишна литературна дружба на која присуствуваа голем број дечиња и нивни родители, Центарот ги заокружува активностите на својата литературно-издавачка дејност за...

Одбележани 100 години од раѓањето на композиторот Властимир Николовски

Денеска на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со научен симпозиум беа одбележани 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Властимир Николовски. Тој е роден на  20 декември 1925 година во Прилеп, и се смета за еден  од најплодните македонски композитори во 20 век . Тој припаѓа на втората генерација...