Одбележани 100 години од раѓањето на композиторот Властимир Николовски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со научен симпозиум беа одбележани 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Властимир Николовски.

Тој е роден на  20 декември 1925 година во Прилеп, и се смета за еден  од најплодните македонски композитори во 20 век . Тој припаѓа на втората генерација македонски повоени композитори.

Дипломирал во Белград, а потоа работел како професор на Педагошката академија и на Високата музичка школа (која подоцна прераснува во Факултет за музички уметности). Бил музички уредник на Радио Скопје, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и редовен член на МАНУ. Тој е прв декан на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Сепак, највисоките творечки дострели ги остварил на полето на хорската  музика и во делата во кои доминира човечкиот глас. Во целото свое творештво Николовски се инспирирал од фолклорот водејќи се од идејата дека треба да се одбегнуваат радикалните постапки на музичката авангарда од XX век, бидејќи тие се само „израз на творечката немоќ и стерилност“. Токму затоа, неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија. Исто така, тој се занимавал и со публицистика при што напишал над 30 статии во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...