ИН МЕМОРИАМ Почина Драган Б. Костиќ најпознатиот македонски радио водител

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.

Изминатите неколку месеци Драган Б. Костиќ ја биеше својата најголема животна битка од која за жал не излезе како победник.

Човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа дури во пензија.

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител  од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана, зашто за „Сто приказни за сто песни“, оние што требаше најмногу да ги слушнат, останаа намерно „глувонеми“ или за значењето на истиот, едноставно не беа ниту свесни?!

Тој остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи, човек кој целиот свој живот им го посвети на музиката и радиото, бардот на македонското радиоводителство, кој кон крајот на штотуку изминатата 2024-та година го одигра својот „Последен танц“… Оној – прошталниот ДЈ-ски по половина век естрадна кариера!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...