(ВИДЕО-ФОТО)Прилеп во чест на патронот Свети Никола-20 годишнина од одбележувањето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во прекрасна атмосфера, достоинствено и достојно на традицијата и верата, центарот на Прилеп сјаеше на декемвриското сонце во чест на големиот православен празник Свети Никола, патрон празникот и заштитник на Прилеп. Годинава се навршуваат 20 години од чествувањето на градската слава.

Во чест на празникот во црквата Свето Благовештение се одржа света утрена богослужба, а централниот настан традиционално се одржа пред параклисот на плоштадот Александрија.  Градоначалникот Дејан Проданоски во обраќањето честитајќи го празникот им се заблагодари на домаќините Игор Стеванов од компанијата Матадор, Милан и Иван Биќанин од компанијата Бим Фуд. До година домаќин ќе биде компанијата Рустика од Прилеп.

-Нека е за многу години денешниот големи христијански празник Свети Николај Чудотворец, архиепископ мириклиски, патрониот празник на нашиот град и заштитникот на Прилеп. За нас прилепчани, Свети Никола не е обичен ден. Тоа е ден на сплотување, ден кога сите слават – едни се домаќини, и го чествуваат како своја куќна слава, а други со радост им одат на гости. Славењето на Свети Никола во Прилеп не е само обичај, туку силен симбол на нашата духовност, меѓусебна почит, заедништво и хуманост. На овој ден секој кажан збор, и секое добро дело имаат посебна тежина. Свети Никола е заштитник на сиромашните и немоќните, затоа веруваме дека секое добро направено на овој празник се враќа повеќекратно. Оваа година одбележуваме 20 години од нашата заедничка и искрена определба за почит и дарување од одлуката донесена по иницијатива на граѓаните во 2006 та година Свети Никола да биде патрон празник и заштитник на Прилеп и сите заедно во духот на заедништвото да го славиме како градска слава. Овој јубилеј ни дава уште поголем мотив да продолжиме да ја негуваме традицијата, меѓусебната почит и солидарноста. Заедно да градиме и создаваме иднина за генерациите што доаѓаат по нас, не заборавајќи ги основните човекови вредности: почитта, дарувањето и грижата за другиот. Во тој дух продолжуваме да ги чуваме и негуваме локалните традиции, духовното, духовноста, градејќи го Прилеп како препознатлива и отворена дестинација во која секој добронамерен гостин  ќе има причина да не’ посети и од блиску да ја почувствува убавината на нашата вековна и историја и традиција. Верувам дека заедно сите ќе успееме Прилеп да го направиме уште поубаво  и подобро место за живеење . Во оваа свечена прилика во името на локалната самоуправа, и во мое лично име сакам да ви го честитам денешниот празник на сегашните и на идните домаќини и да им посакам Свети Никола да им подари здравје, среќа и бериќет. До година посреќни и побројни на ова место ! Нека ни е честит и вековит нашиот патрон празник и нека ни е напомош заштитникот на градот Прилеп- Свети Николај“, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Во име на годинешните домаќини компаниите Матарод и Бим Фуд се обрати Игор Стеванов  заблагодарувајќи се на укажаната можност за традицијата да продолжи со посветеност и љубов кон верата и вербата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...