Вонредна седница на Советот на Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Претседателот на Советот на Општина Прилеп свика вонредна седница на Советот на Општина Прилеп. На дневен ред на седницата се две точки:

Предлог-заклучок по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп и
Предлог-одлука за прифаќање на донација на детски новогодишни пакетчиња од компанијата КАМ ДОО.

За итноста од прват точка, пред неколку дена , премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ќе побара од советниците на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат иницијатива до советите во нивните општини за формирање документ со кој ќе се гарантира дека мигрантски кампови нема да има. Овој документ треба да ја потврди политиката против нелегалната миграција , “дека нема на територијата на тие општини да се создадат мигрантски кампови“, беше кажано од премиерот пред неколку дена.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...