Изложба на икони од еминентни уметници во чест на патронот Св. Никола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков„ ќе биде отворена изложбата на икони „Уметниците во чест на св. Николаа, утре, на  18 декември 2025 /четврток/ од 14.30 часот. Ќе бидат претставени икони од македонски уметници во чест на патрониот празник на Прилеп.

Годинава на изложбата, со икони ќе се претстават еминетните творци: Славица Михаилова (Дипломирала на Националната ликова академија во Софија, Бугарија на отсек ѕидно сликарство. Магистрирала на Академијата за уметности во Белград – отсек конзервација. Член е на ДЛУБ и има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во приватни колекции ширум светот). Дејан Макаријоски ( Член на ДЛУБ, работи во техника масло на платно, акрил, како и фреско сликарство и икони. Основач е на студиот „Ателје Макаријоски“ и веќе 25 години го води ателјето и галеријата. Добитник на наградата „Борислав Траиковски за 2024 година на ДЛУБ.) Николче Српчански (м-р по ликовна уметност, конзервација и реставрација. Уметник, реставратор, иконописец. Завршил магистерско образование по конзервација и реставрација на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Учествува на повеќе самостојни и групни изложби). Васко Ѓоргиев ( уметник и иконограф. Завршил Академија во Џенова, Италија, оддел вајарство. Ангажиран како уметнички соработник во Бигорскиот манастир. Има реализирано циклуси на сакрално сликарство во Преспанско пелагониската и во Дебарско Кичевската епархија. Член на ДЛУБ и ДЛУГ. Редовен учесник на групни изложби во Италија) и ателјето Теракотни икони Серафим“( Постои од 2018 година и е уникатно уметничко студио специјализирано за изработка на икони, орнаментални, како и фигуративни релјефни претстави од православната христијандска традиција. Творештвото е фокусиран на керамиката – теракотата како автентичен и топол материјал).

Изложбата се реализира во соработка со Општина Прилеп и годинашните домаќини на градската слава Бимфоод и Матадор.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🙏Да помогнеме-семејство од Воѓани остана без дом💗

Само ѕидовите останаа од она што некогаш беше дом на осум членото семејство на Јане Благадушоски од село Воѓани, општина Кривогаштани. Се’ уништи страшната огнена стихија во неколку минути и ја проголта семејната покуќнина, покривот, дограмата, балиња тутун на таванот … Соседите и блиските на семејството Благадушоски од село Воѓани...

Вонредна седница на Советот на Општина Прилеп

Претседателот на Советот на Општина Прилеп свика вонредна седница на Советот на Општина Прилеп. На дневен ред на седницата се две точки: Предлог-заклучок по информацијата за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија на територијата на Општина Прилеп и Предлог-одлука за прифаќање на донација на детски новогодишни...

Прилеп в недела неколку часа ќе остане без струја

Според информаците на ЦУК-Прилеп ПЛАНИРАН е ПРЕКИН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА во  ПРИЛЕП И ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ во недела на 21 ви декември 2025 та. Прекинот ќе биде неколку часа претпладне од 06:30 до 11:00 часот. Неофицијално, станува збор за реконструкција и модернизирање на мрежата во регионалното поврзување на Корисничките енерго центри...