Наум Петрески за дочек на Новата година во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Д Хаундс, Љубојна,  Камерниот оркестар од Битола, Владо Јанески, Наум Петрески, Пајак..ќе ги забавуваат прилепчани за новогодишните празници.

Македонската музичка естрадна ѕвезда, Наум Петрески ќе биде на новогодишната ноќ , на дочекот на Новата година, на 31 декември и заедно со  неговата песна, прилепчани ќе ја дочеката Новата 2026 година ,на плоштадот “Методија Андонов’“-Ченто.

Во рамки на новиот концепт, за прославувањето на Новата 2026 година, за првпат ќе биде организиран и Новогодишен базар на плоштадот, со седум големи дрвени, празнично уредени куќарки, во кои ќе се нудат храна, пијалоци и ракотворби, создавајќи атмосфера по примерот на големите европски новогодишни базари.

Културно-уметничката и музичката програма, како и Новогодишниот базар, ќе бидат отворени секој работен ден од 17:00 до 21:00 часот, а за време на викендите посетителите ќе можат да уживаати  во целодневна програма.

 

Градоначалникот, Дејан Проданоски, упати покана до сите прилепчани и граѓани од целата држава да бидат дел од празничната магија, нагласувајќи дека Прилеп заслужува убава празнична приказна и заеднички моменти исполнети со насмевки и позитивна енергија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...