🎄Прилепската празнична приказна започнува на 24 декември✨

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Еднонеделна богата програма за последните 8 денови од 2025 та е планирана да се реализира во центарот на Прилеп на плоштадот Методија Андонов Ченто. Градот го очекува новогодишен базар исполнет со разновидна секојдневна културно музичка програма, и изненадувања во центарот на градот, најави градоначалникот Дејан Проданоски:

– Прилепската празнична приказна би започнала на 24 ти декември, во среда, среќно по прилепски и ќе биде нешто ново што се случува во градов. Градот заврши со новогодишното украсување, не’ очекува прославата на патронот на Прилеп Свети Никола, а од наредната недела 8 дена забава за нашите сограѓани и за сите посетители од цела Македонија, која што сметам дека ќе даде нова димензија во прославата на Новата година. Оваа година во „Прилепската празнична приказна“ се директно вклучени во коорганизација компанијата Витаминка која што низ призма на празничниот дел од програмата најавува 70 години од нивното постоење. Тие се директни организатори на базарот кој што би се случувал паралелно со културната програма во организација на Општина Прилеп, рече Проданоски, упатувајќи покана за заедничко чествување на претстојните празници до сограѓаните и сите добронамерници.

Прилепската празнична приказна оваа година се организира за прв пат со програма која ќе трае 8 денови, но идејата е збогатување и надополнување во иднина. За Витаминка 2026 та ќе биде година на чествување за 70 години од постоењето, партнерството со Општината за празничниот базар и настапите на дел од естрадните уметници е само најава, рече Орде Ѓорѓиоски дел од менаџерскиот тим на Витаминка.

– Оваа година се вклучуваме во креирање на една нова празнична понуда во нашиот град. Нашата компанија ќе обезбеди оваа година е поставување на 7 дрвени типизирани куќарки на кои ќе биде послужена храна, пијалок, а ќе има понуда и на ракотворби и дополнителни содржини. Покрај тоа нашата компанија во организацијата на забавната програма на бината во центарот на градот. Секако дека Витаминка ќе ги заслади празничните денови како и секогаш. На понуда ќе бидат бесплатни наши производи, ќе се доделуваат и пакетчиња, а ќе има можност и да се купат производи и многу изненадувања. Витаминка како општествено одговорна компанија ќе настојува секоја година на некаков начин да се вклучува во организацијата и да ја поддржува Општината во напорите ова место да го прави подобро место за живеење, рече Ѓорѓиоски.

Програмата секој работен ден ќе трае од 11 до 21 часот, а во сабота и недела од 12 до 21 часот.  Предвидени се настапи на македонски музички ѕвезди: Д Хаундс, Љубојна,  Камерниот оркестар од Битола, Владо Јанески, Наум Петрески, Пајак и многу други. На сцената ќе настапат и детски музички ѕвезди, како и познати диџеи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...