Предлог за 13 Величествени, СОУ „Орде Чопела“ Прилеп – училиште кое ја гради заедницата преку неформално образование

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Предлог на Радио Пела за 13 Велчиствени е СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп: училиште кое ја гради заедницата преку неформално образование

Средното училиште „Орде Чопела“ од Прилеп во последниот период сè повеќе е присутно во медиумите, благодарение на својата активност во заедницата и иновативниот пристап кон образованието. Покрај формалното учење, училиштето активно се вклучува во проекти и иницијативи кои го збогатуваат младинскиот живот и ја поттикнуваат креативноста на учениците и професорите.

Организирање на неформални едукативни програми за развој на комуникациски и лидерски вештини кај младите, културни и спортски настани, промоција на талентите на учениците, едукативни работилници, активна соработка со медиуми и граѓанскиот сектор, соработка со останатите образовни институции и учество на меѓународни натпревари, хуманитарни акции, волонтерски проекти, еколошки иницијативи во кампањи за зачувување на животната средина и разубавување на јавни простори во Прилеп, се само дел од активностите кои училиштето ги креира и го привлекува вниманието на јавноста.

Медиумите го препознаваат СОУ „Орде Чопела“ како пример за современо училиште кое не се ограничува само на наставната програма, туку активно придонесува за развој на заедницата. Честите извештаи за нивните активности ја истакнуваат улогата на училиштето како центар на младинска енергија и иновација. Со ваквиот пристап, СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп не само што го привлекува вниманието на медиумите, туку и станува симбол на нова образовна култура која ја гради иднината на младите преку формално и неформално учење.

 

Порака: „Образованието не завршува во училница – тоа е процес кој продолжува во секојдневниот живот,“ велат од раководството на училиштето, охрабрувајќи ги учениците да бидат активни, креативни и општествено одговорни.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...