Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Предлог на Радио Пела за избор за 13 Величествени e Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност.

Ротари клуб – Прилеп во последните месеци стана центар на медиумско внимание благодарение на своите хуманитарни активности и силната посветеност кон заедницата. Со донации, културни настани и поддршка на јавни институции, клубот ја потврдува својата улога како двигател на позитивни промени во градот.

Медиумско внимание ја привлече донација на професионален дрон на Територијалната противпожарна единица, со цел подобро следење и превенција на пожари, донации во детските градинки, културни иницијативи: Клубот организира традиционален „Арт Хепенинг“ по повод 3-ти ноември, каде што се доделуваат награди за уметнички дела, што исто така привлекува медиумски интерес. Јавни настапи и интервјуа на  Претседателот на клубот Орде Ѓорѓиоски кој редовно учествува во јавни дебати и медиумски интервјуа, се само доказ како  се зајакнува видливоста на организацијата во заедницата.

Секоја активност е насочена кон градење на мостови меѓу луѓето и институциите, што ја прави организацијата препознатлива и медиумски атрактивна. Медиумите го препознаваат тоа и го пренесуваат како инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност.

Ротари клуб Прилеп испраќа јасна ПОРАКА: хуманоста и заедничката енергија се најсилниот двигател на локалниот развој.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...