Локални избори: Резултатите сеуште не се конечни за Прилеп и уште други 10 општини

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Државната изборна комисија денеска ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање. Кондарко појасни дека решенијата за одлуките на ДИК во однос на приговорите ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок и по приемот подносителите  имаат право на второстепена правна заштита, на тужба пред Управниот суд.

-Откако ќе одлучи Судот, ние за сите овие општини каде што имаше приговори на јавна седница во наредните неколку дена, зависно од постапувањето на Управниот суд, ќе излеземе со објавување на конечни резултати во оние општини за кои имаше приговори, рече Кондарко.

Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, за 11 беа пристигнати приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат по одлуката на Управен суд. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.

Оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...