Откако повторно се појавија камиони на „Бехтел и Енка“ жителите повторно започнуваат со блокади на патот Оревоец

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска повторно избувна тензија меѓу жителите на Оревоец и компанијата „Бехтел и Енка“, откако беа забележани камиони од компанијата кои со полициска придружба биле во обид да влезат на спорниот стар коп, кој беше блокиран цели девет месеци во 2024 година.

Жителите на селото Ореовец и активистите за здрава животна средина „Спас за Прилеп“ и “Зелена народна стража“ велат дека станува збор за „повторен напад од државата и „Бехтел и Енка“ врз Прилеп за отворање на нови рудници за мермер“ и за утре најавуваат нова блокада од 7 часот наутро. Тие на социјалните мрежи повикаа граѓаните на Прилеп да им се придружат:

Утрово во 07:00ч. жителите на село Оревоец – Прилеп, на раскрсницата за село Плетвар, за нивно чудо по 9 месеци повторно наидоа на неколку камиони и службени возила на „Бехтел и Енка“ со придружба на БРОЈНА ПОЛИЦИЈА. Со силно полициско обезбедување се обидоа да влезат на стариот коп кој го отпочнаа во февруари 2024 година, од каде беа избркани после ТЕШКА ДЕВЕТ МЕСЕЧНА БЛОКАДА на патот, кој води кон планината кај копот од страна на граѓаните на град Прилеп. Со овој потег прилепчани покажаа како се брани својата земја и како човечката упорност дава резултати. Со оваа добиена битка покажаа дека СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ и за судбината на своите домови, планини, воздух, реки, извори за вода ОДЛУЧУВА НАРОДОТ без разлика на тоа кој какви печати, одобренија и потписи раздал за истото. После добиената битка, утрово повторен напад од државата и „Бехтел и Енка“ врз Прилеп за отворање на нови рудници за мермер Војната продолжува – покажа државата… и нека. Народот повторно се организира и ќе застане на линијата за одбрана. Само два дена по локалните избори државата си зема за право да прави бесправни и погубни потези за град Прилеп, но и овој пат народот ќе покаже дека за својата судбина ќе одлучуваат само граѓаните и никој друг! РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА! Ние сме МНОГУ – тие се МАЛКУ Се гледаме утре (23.10.2025) на блокада во 07:00“, пишуваат активистите во објава на социјалните мрежи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прво место за учениците од СОУ „Орде Чопела“

Учениците Стефан Николоски, Ана-Марија Блажеска, Ангел Алексоски и Андреа Василеска во конкуренција од над 50 учесници, од 10 градови, две држави – Македонија и Шведска, 9 факултети, три средни училишта и 12 студентски организации под менторство на професорите Ѓорѓија Гагалески, Ивана Тодороска и Анастасија Матракоска со својата иновативна идеја Паметно...

(ВИДЕО) Филип е во срцата на сите нас

Филип Николоски познат на прилепската публика заради прекрасниот глас и нескротливиот животен ентузијазам, минатата година влезе посериозно во светот на музиката и балгодарение на неговиот хит „Само на добро нека е“ сега е познат ширум Македонија. Песната со музика на Рубин Димкоски, а по текст на Душко Темелкоски, често можете...

Прилеп се подготува за новогодишното славје со „Прилепска празнична приказна“

Под слоганот „Прилепска празнична приказна“ Прилеп се подготвува за новогодишната прослава. Градот е замислен како огромен новогодишен украсен новогодишен забавен парк,  каде за секого ќе има по нешто. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави  најпрво Новогодишен базар, богата програма исполнета со музички настапи, креативни активности, празнични декорации и разновидни...