Започна реконстукцијата на спортските игралишта во Точила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Започна реконструкцијата на мултифункционалните игралишта во Точила, каде е планирано и поставување на „фитнес зона“.

„Станува збор за проект финансиран и поддржан од Министерството за спорт“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој заедно со идниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски беа на увид на градежните активности.

При посетата на Министерот за спорт, Борко Ристески, пред неколку дена, тој вети дека преку министерството ќе го спроведе проект за реконструкција на спортските игралишта во населбата Точила. И, еве, започнавме со реконструкцијата на трите спортски игралишта, кошаркарско, одбојкарско и фудбалско, како и детското игралиште и поставување а една фитнес зона во овој дел од градот. Ова ќе биде одличен простор каде што младите ќе имаат катче да рекреираат и спортуваат“, рече Јовчески, изразувајќи благодарност до Владата и надлежното министерството.

“Пред извесен период тука го имавме Министерот за спорт. Даде свое ветување дека ќе направи реконструкција на овој мини спортски комплекс во најголемата урбана населба во градот, Точила, и еве денеска со интензитет се започнати градежните активности на реконструкција на трите постоечки спортски игралишта и најава за изградба на фитнес простор и оваа урбана населба да добие нова димензија, а ќе продолжиме со хортикултурно уредување и доопремување на овој простор за да стане едно од најубавите места за спорт, одмор и рекреација“, истакна идниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

Спортските игралишта кои се наоѓаат во паркот во Точила, една од најголемите станбени населби во градов, се изградени пред повеќе од една деценија и досега не биле обновени и реконструирани. Паркот во Точила 1 е на површина од 23 илјади метри квадратни и претставуваше еден од најубавите паркови во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Како ОБСЕ (ОДИХР) како набљудувачи ја оцени кампањата и изборите?

Меѓународната набљудувачка мисија, предводена од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), оцени дека изборите им понудија на гласачите вистински избор меѓу различни политички алтернативи. Кандидатите можеа слободно да водат кампања, а основните слободи беа почитувани. Изборниот процес беше негативно погоден од силната политичка поларизација и разочараноста...

Кога ќе се одиграат одложените фудбалски натпревари поради одржување на изборите?!

На 25 октомври, в сабота, ќе се одиграат одложените фудбалски напревари поради одржување на локалните избори,  од 9 коло на Втората фудбалска лига ,  каде Победа патува во Струмица со Беласица,  а во Големо Коњари,  ФК  Големо Коњари  се сретнува со Брегалница (Штип). Во Третата лига – Југ  натпреваите се...

Пронајдена рачна бомба при вршење ископ на ул.„Крушевска”

Рачната бомба е од француско потекло и потекнува од Првата светска војна. Безбедно е подигната,  велат од МВР Настанот се случил вчера,кога  во 12:35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека при вршење ископ на ул.„Крушевска” во Прилеп, е  пронајдена рачна бомба. Од екипа на пиротехничар од Дирекцијата за заштита...