Тесна и неизвесна битката во Кривогаштани и Крушево, а во Долнени води ВМРО ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Томе Христовски од СДСМ во Крушево со блага предност од 467 гласа пред Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ со 347 гласа , оди во втор круг.

На социјалните мрежи тој објави:

Околу 400 гласови во наша корист! За многу малку фалеше победа уште во првиот круг – но тоа само уште повеќе нè мотивира! Во вториот круг продолжуваме посилно, пообединето и со јасна цел – кон конечна победа! Крушево е и ќе остане слободарска, заедничка и еднаква општина за сите!

Во Кривогаштани неизвена и тесна битката се води помеѓу двата кандидати за градоначалници кои ги бираа гласачите на овие извори: Игор Каравилоски од СДСМ и Сашо Граороски од ВМРО ДПМНЕ. Каравилоски со 386 гласа е во блага предност пред Граороски со 377 гласа, според  обработени 51,48 проценти од гласовите од страна на Државната изборна комисија.

Што се однесува до Долнени која исто така има поголем број кандидати за градоначалници , овие локални избори ја менува стратегијата – моментално води ВМРО ДПМНЕ со Сашко Велјаноски и 857 гласа , пред Блерим Ислајми ов ВЛЕН кои има 343 гласа .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...