Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општината не го добие потребното мнозинство гласови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Граѓаните на Прилеп на Локалните избори 2025 година, утре, на 19 октомври ќе бираат помеѓу 11 советнички листи и 9 кандидати за градоначалници.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општината не го добие потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг ќе се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Кампањата за вториот круг од изборите започнува веднаш во понедленик, на 20 октомври и завршува на 30 октомври на полноќ, а вториот круг на изборите е на 2 ноември. Во вториот круг на гласање за градоначалник би бил избран кандидатот кој би добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг, од кои било причини, не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Исто така, доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список на  општина би се повторила целата изборна постапка за општината.

Советници, пак, се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Малолетници од Прилеп ограбиле златара и две продавници

Лишени од слобода крадци во Прилеп поради извршени три тешки кражби. Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(29) и двајца малолетници од Прилеп, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница на подрачје на Прилеп. „Украдените предмети се пронајдени и...

Намален број гласачи во Прилеп – споени 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи

За година и половина, од парламентарните до локалните избори, во Прилеп се припоени дури 16 избирачки места кои имаат под 10 гласачи. Станува збор за населени места речиси без жители.Прилеп е со најголема територија и 60-тина села, вели Валентин Божиноски, претседател на ОИК-Прилеп. И во општините од регионот, има припојување...

Утре граѓаните бираат – кои се нивните права

Утре, недела 19 октомври, гласачките места за Локалните избори 2025 година ќе бидат отворени од 07,оо часот, а ќе бидат затворени во 19,оо частот. Гласањето се одвива на слободни и тајни избори Тоа право е уставно загарантирано: гласот е еднаков, непосреден и таен; никој не смее да го условува гласачот,...