За важноста на избирачкото право на граѓанинот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре, 19 октомври во Македонија ќе се одржат осмите по ред локални избори. Според ДИК, ќе бидат отворени 3480 избирачки места во 80 општини, а 1.832.412 гласачи се запишани во избирачкиот список со право на глас за избор за нов состав на совети и градоначалници.

Во Општина Прилеп ќе бидат отворени 126 избирачки места, а своето право на глас можат да го остварат 62.053 граѓани. На избирачки места, избирачкиот процес ќе го следат и спроведат 1260 членови и заменици на избирачки одбори.

За важноста на гласањето!

Гласањето на локалните избори е начин граѓаните дирекно да влијаат врз одлучување за квалитетот на живеење во својот град или рурална заедница. Преку избор на градоначалник и советници тие учествуваат во одлучувањето за чистотата на својот град, за парковските и зелените површини, за урбаниот изглед на својот град, за уредување на улиците, училиштата, за водоснабдувањето, развојот на културата, спортот и поквалитетни јавните услуги во својата општина.

Како изгледа локалната структура која се бира на изборите?

На локалните избори граѓаните бираат градоначалник, кој е одговорен за спроведување на одлуките на Советот и управува со администрацијата и буџетот на општината. Градоначалникот е извршен орган, а дополнително за извршување на надлежностите, се организира општинската администрација. На локалните избори се бира и Советот на општината, кој е т.н „законодавен“, односно претставнички орган во општината, чија големина е пропорционална релативно со бројот на жители во општината (до 5000 жители – девет советници, од 5001 до 10.000-11, од 10.000 до 20.000-15, од 20001 до 40.000-19, од 40.001 до 60.000-23, од 60.0001 до 80.000-27, од 80.0001 до 100.000-33 и над 100.000 жители во Советот има 33 советници). Според бројот на жители Прилеп бира 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

Колку општини на во Македонија?

Општината е основна територијална единица на локалната самоуправа, каде граѓаните преку овие преставници одлучуваа за локални прашања. Според последната територијална поделба Македонија има 80 општини, а дополнително Градот Скопје, до дополнителен статус е составен од 10 општини. Со оваа поделба во Македонија постојат 34 урбани и 46 рурални општини.

Надлежности на општината

Надлежностите на општината опфаќаат: урбанизам, планирање на локалниот економски развој, локални патишта, јавен превоз, комунални услуги, противпожарна заштита, образование, култура, спорт, заштита на животната средина и социјална грижа.

Денеска гласаат, старите лица, болните и затворениците

Денеска во Прилеп гласаат 297 болни, 119 затвореници и 60 стари и изнемоштени лица сместени во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник ,, понудени 11 советнички листи за 27 советнички места и 9 кандидати за градоначалници.

Граѓаните на Прилеп имаа избор на 11 советнички листи и на 9 кандидати за градоначалници. Од ДИК, информираат дека гласачките места, утре, ќе бидат отворени од 07 до 19 часот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...