“Мораше баш сега” нова одлична песна на CROSSROAD BLUES BAND

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деновиве се појави новото музичко остварување  на најпопуларните блузери од Прилеп – CROSSROAD BLUES BAND кое носи наслов “Мораше баш сега”  и веднаш го привлече вниманието на публиката. Песната нема да ве остави рамнодушни, а бендот, во свој стил, повторно ја раздвижи македонската музичка сцена и не ја остави рамнодушна на нивниот музички израз.

Ова музичко парче претставува уште една потврда за креативниот и музички зрел израз на Crossroad Blues Band Reloaded, бенд кој доследно внесува свежина на македонската музичка сцена.

Нова авторска песна и видео спот за само неколку дена од нејзиното појавување пред неколку дена  веќе привлекува сè поголемо внимание, бележејќи растечки број на прегледи  што е потврда на одличниот звук и текст.  Мораше баш сега” е певлива и емоционално разбирлива приказна, која говори за  љубовта што се враќа кога не веруваш во тао,но и за тежината на спомените што не престануваат да прогонуваат,кога љубовата е во прашање.

Текстот е дело на гитаристот во бендот Бранко Нешкоски, а музиката  е на Давид Нешкоски кој е и лид вокал. Интересно е тоа што вендот сам си направи аранжман, аудио и видео продукција, облукуваќи секој нејзин дел.

Во Песната “Мораше баш сега” со своите кавлитетни изведби се вклучени и  другите членови на бендот: тапанарот Зоран Настески, бас гитаристот Љупчо Шилоски и вокалите, Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...