Чупетрески: 19 ти нека биде ден на нова револуција на прогресивната и слободоумна идеја

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник на Општина Прилеп и кандидатите за  советници Независни за членови на Советот на Општина Прилеп денеска, на последниот ден од изборната кампања побараа поддршка за остварување на своите програма за Прилеп да фати чекор со прогресивниот свет и да го постави Прилеп рамо до рамо со индустриските и културни гиганти во регионот и пошироко:

Драги сограѓани, 34 години од нашите животи им ги доверивме на оние кои очигледно си поиграја со нашата и вашата судбибна. 34 години исполнети со лаги и лажни ветувања, но само со една иста цел: „Богатење на поединци и политички групи“. Незадоволни од сето ова исто какои и вие, незадоволни и децениското систематско уништување на градот, го подигнавме својот глас за да ставиме крај на деценискиот пропаст. За таа цел ги ангажиравме нашите лични капацитети, знаење и ја создадовкме оваа група НЕЗАВИСНИ, во служба на народот. Направивме обилна програма со тешки цели, но не и недостижни. Програма која треба да го надокнади она што е изгубено во изминатите години. Програма која ќе фати чекор со прогресивниот свет и ќе го постави Прилеп рамо до рамо со индустриските и културни гиганти во регионот и пошироко. Ве уверувам дека цврсто стоиме позади она што го ветуваме. Работата и обврските кои ги ветивме и стојат пред нас, се само мотив да дадеме се од себе и да создадеме една нови иднина за нашите деца. Кога е во прашање иднината на деца – НЕМА АЛТЕРНАТИВА!! Денеска, периодот на ветувања и презентации заврши. Нашите планови и проекти ги презентиравме пред Вас. Ги презентиравме и нашите намери и идни постапки. Меѓусебната довербата ја градевме со години. Сега е моментот да ја потвдиме истата таа доверба. Доколку сме ја изградиле во доволна мерка, за возврат ја бараме ваша доверба да ни ја дадете на 19 Октомври и со заокружување на броевите 48 за градоначалник на Прилеп и 131 за членови на совет, да ни дадете мандат да го градиме новиот Прилеп „град за нашите и вашите деца“ . Ви благодариме за искажаните подршки и доверба на социјалните мрежи. Ви благодариме за секоја цврста подадена рака и пријателски поздрав на кој наидовме овие денови. 19 Октомври нека биде ден на една нова револуција на прогресивната и слободоумна идеја за ослободување од партиските пранги и зависноста од политичките расколи. Ден на обединување на Прилеп и прилепчани заедно со целата околија и населени места, обединување во една иста идеја- НОВ И СОВРЕМЕН ПРИЛЕПСКИ РЕГИОН, ДОСТОЕН ЗА ПОЧИТ И РЕСПЕКТ. На 19 Октомври заокружи број 48 за градоначалник на Прилеп и број 131 за членови на совет на Прилеп – ГРАД ЗА НАШИТЕ И ВАШИТЕ ДЕЦА, вели во своето обраќање Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник на Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФФМ: за ФК Победа забрана за присуство на публика на 4 домашни натпревари

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од...

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.