ОВР Прилеп: Пронајдена дрога на повеќе места, пријава за насилно однесување и исчезнато малолетно лице

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 16.10.2025 во 23:20 часот на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.С.(44) од Прилеп. при преглед кај него и во патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

На 16.10.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршија претрес во простории кои ги користи А.А.(21) од Прилеп, при што се пронајдени и одземени 65 таблети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.10.2025 во 12:30 часот на ул.„Егејска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода С.Р.(39) од Битола и О.Д.(30) од Велес затоа што кај ни се пронајдени таблети за кои постои сомемние. По целосно документирање на настанот,  против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 16.10.2025 во 19:00 часот во Полициското одделение Ропотово е пријавено дека  во с.Заполжани, општина Долнени,  Н.С.(42) од с.Заполжани го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 16.10.2025 во 09:30 часот во ОВР Прилеп, Ф.Ш.(53) од Прилеп пријави дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот. Според пријавеното, таа отишла вонбрачно да живее кај лице од Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање налицето.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...