(ВИДЕО)Бачанов: Да кажеме доста е за партиите, да гласаме за НЕЗАВИСНИ!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Иле Бачанов, носител на кандидатска листа „Независни“ за советници на Општина Прилеп преку видео обраќање бара поддршка на денот на изборите за независните кандидати, за измени во Изборниот законик и фер изборен процес за сите учесници.

Како носител на кандидатската листа под мотото Прилеп за нашиот град, сакам да ве повикам: Ајде сите заедно на 19 ти октомври, да ја испишеме новата револуција во Прилеп и по примерот на Независни од Битола, да гласаме за независната листа и да му речеме: Доста е на партиите!

Ние се охрабривме и пред да завршат овие избори се сметаме за морални победници, но само со вас заедно можеме да му кажеме ДОСТА Е!!! Ова е прв чекор на патот што треба заедно да го изодиме со една заедничка крајна цел, а тоа е изменет Изборен законик или една изборна единица, отворени листи и да се гласа за личности, вели Иле Бачанов, носител на кандидатска листа Независни за Совет на Општина Прилеп:

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФФМ: за ФК Победа забрана за присуство на публика на 4 домашни натпревари

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од...

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.