ФК Големо Коњари в четврток 16.10.2025 од 15 часот на свој терен ќе игра пријателски-контролен натпревар со прволигашот ФК Вардар.
Новопечениот вторигаш Големо Коњари не ја испушта шансата да се соочи со еден од најтрофејните фудбалски клубови во земјава, но во исто време да го прикаже тревнатиот терен кој е исклучителен, а за тоа потврдија и младите Ерменци кои токму во Големо Коњари се подготвуваа за европските квалификации.
И покрај тоа што Големо Коњари има само еден триумф во Втората фудбалска лига, и не им оди добро, сепак Вардар е вистинскиот погодок за темпирање на формата на фудбалерите за во наредниот период. Од друга страна со сигурност овој меч ќе биде и вистински празник за љубителите на фудбалот во регионот.