(ВИДЕО)Во Прилеп прв фестивал на рана музика-доближување на музиката од минатите векови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 16 и 17 октомври во организација на ЦК „Марко Цепенков“со поддршка на Министерството за култура ќе се одржи новиот фестивал „Dulcia Sonant“ на рана музика, кој се реализира за првпат во Македонија. Целта е да се оживее и доближи музиката од византискиот и ренесансниот и средновековниот период.
– Фестивалот отвора нов простор за слушање на музиката од минатите векови и го истражува нејзиното влијание и врските со македонското културно наследство, преплетувајќи го со поширокиот европски духовен и уметнички контекст – посочи Ана Митоска, учесник на фестивалот.
За првпат во Макеоднија ќе се слушне редок инструмент – портативна оргула, ќе има моќни хорови и магија од едно одамна замолчено време.
На 16 октомври од 20 часот е првиот концерт „Помеѓу Кукузел и Палестрина“, на хорска музика, кој го спојува византискиот и ренесансниот израз, правејќи компарација и музичко претставување на сакралната музика на западната и на православната (источна) европска музичка оставштина.

Уметницата Кристина Раурик доаѓа од Шпанија и не го криеше задоволството да се обрати на македонски јазик за да го пренесе задоволството што учестува на Фестивалот на рана музика.
– Фестивалите од ваков вид се многу важни. Ја приближуваат убавината до луѓето, а понекогаш и овозможуваат да откријат мозаик кој може да стане нивна омилена музика и да ги инспирира. Се надевам дека фестивалот ќе продолжи да расте и да носи многу уметници, репретоари и музички традиции во Македонија, која има гостопримливи луѓе, рече Раурик.
Влезот за фестивалот во кино „Мис Стон“ е слободен.

На 16 октомври од 20 часот е првиот концерт „Помеѓу Кукузел и Палестрина“, на хорска музика, кој го спојува византискиот и ренесансниот израз, правејќи компарација и музичко претставување на сакралната музика на западната и на православната (источна) европска музичка оставштина. Изведувачи се хоровите „Св. Петка“ и „Пелагонитиса“ под диригентство на Гоце Секулоски, кој истакна дека фестивалот е многу значаен.
На 17 октомври, исто од 20 часот, е концертот „Средновековни еха“ – патување низ неисцрпните музички богатства на шпанската и европската средновековна традиција.
Ќе настапат Cristina Alís Raurich (Шпанија) на портативна оргула (organetto) и Ана Митоска (Македонија) – глас.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кампањата огледало што покажува што граѓаните очекуваат, но што веќе не прифаќаат

Локалните избори се секогаш најмасовните во државата, зашто во нив учествуваат голем број на граѓани кои сакаат да бидат дел од локалните одлучувања. Оваа година, Приелп има 279 кандидати за советници, и, плус, девет кандидати за градоначалници, кои се во трката за место во општинската власт – бројка која, мора...

Црвено-црната фурија на гости во Големо Коњари, фудбалски празник за сите

ФК Големо Коњари в четврток 16.10.2025 од 15 часот на свој терен ќе игра пријателски-контролен натпревар со прволигашот ФК Вардар. Новопечениот вторигаш Големо Коњари не ја испушта шансата да се соочи со еден од најтрофејните фудбалски клубови во земјава, но во исто време да го прикаже тревнатиот терен кој е...

Важи и за македонските граѓани – За влез и излез во Хрватска посебни ленти на граничните премини означени со EES

Граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, на чии граѓани не им се потребни визи за влез во Европската Унија од почетокот на имплементацијата на системот EES, ќе влегуваат на посебни делови од граничните премини со Европската Унија наменети само за нив. Ова значи дека...