Игески: Во прогармата за млади и спорт нуди итно реновирање на двете спортски сали и ставање под надлежност на општината

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Ѓорѓија Игески, кој влегува во трката за градоначалници под мотото „Одиме храбро, чесно и работно! – АЈДЕ ДА ГИ ИЗНЕНАДИМЕ ПРИЛЕПЧАНИ!’ во својата  програма за млади и спорт,  култура и образование,  фокусот го става врз подобрување на условите за спорт, култура и образование. Игески истакнува дека ги разбира проблемите на градот и на младите кои сакаат да живеат подобар и поквалитетен живот од овој кој го имаат сега.

​Игески доколку ја добие довербата на граѓаните, најавува:

Итно реновирање на двете спортски сали и ставање под надлежност на општината
Реновирање на веќе постоечките спортски сали и игралишта и финансиска поддршка на спортските клубови и младински школи
Награди и стипендии за најуспешните спортисти
Стратегија за развој на спортот преку јавно-приватно партнерство
Итно плаќање на долгот или замрзнување, и барање на нов инвеститор за прилепскиот спортски фудбалски бренд ФК „Победа“.
Се разбира финансиска поддршка ќе имаат културните манифестации, вели Игески, кои за младите и за културните потреби на прилепчани најавува фестивали и уметнички проекти, реконструкција на културните домови и ново кино/театар, финансиска поддршка на уметниците и културните здруженија.

Ѓорѓија Игески порача дека во неговата програма,со акцент на  младите  е вклучено и образованието со креирање на развојни програми за дигитализација во училиштата, воведување дополнителни секции за странски јазици, ИТ и уметност, обуки за наставниците и задолжително неделно поднесување на извештај за потребите и предлозите на сите училишта.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...