Проданоски: Населбата „Градина“ треба да биде новата иднина на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ја презентираше визијата за  изградба на новата населба „Градина“, како дел од проектите во неговата програма:

„Градина“ треба да биде новата иднина на Прилеп, пример, како со план и визија можеме да создадеме уреден, зелен и функционален град. Со оваа населба започнуваме ново поглавје во урбаниот развој на нашиот град и поставуваме стандарди за долги години напред. На само 1,5 километар од центарот на Прилеп, на просторот на поранешните оранжерии, ќе изградиме современа населба со површина од 42 хектари, дизајнирана според највисоките европски стандарди. „Градина“ ќе биде нов дом за околу 13.000 жители, со инфраструктура што ќе обезбеди удобен, безбеден и достоинствен живот за секое семејство. Во рамките на проектот се предвидени над 420 градежни парцели за изградба на станбени куќи, згради, деловни и трговски објекти, како и училишта, градинки, спортски и рекреативни центри. Нашата обврска е да изградиме широки улици, тротоари, велосипедски и пешачки патеки, енергетски ефикасно осветлување, централно греење, и многу зеленило со што ќе го направиме просторот одлично и здраво место за живеење. „Градина“ ќе биде место каде што ќе растат деца, ќе се создаваат семејства и ќе се гради иднина. Со овој проект сакаме да им дадеме причина на младите да останат во Прилеп, да ја гледаат својата иднина тука, дома. Нашата мисија е да им обезбедиме услови за живот, работа и напредок, за да не мораат својата среќа да ја бараат надвор од својот роден град. Ова е визија што не создава само нова населба, туку создава нова енергија, нова перспектива и нова гордост за сите прилепчани, посочи Дејан Проданоски,“кандидат за градоначалник на Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина Владимир Блажев – Панчо, последениот член на групата ДНК кои настрада во пожарот во Кочани

Владимир Блажев – Панчо, последниот преживеан член на македонската поп-група ДНК, почина на 14 октомври 2025 година. Тој им подлегна на повредите здобиени во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, седум месеци по трагичниот настан во кој загинаа и останатите членови на бендот. Трагичниот крај по седуммесечна борба Владимир...

Кандидати за советници ВМРО ДПМНЕ: повеќе проекти за развој на туризмот во Прилеп

Kако тим од ВМРО-ДПМНЕ, ние сме цврсто, решително и искрено посветени на динамичниот развој и долгорочната поддршка на локалниот туризам во Општина Прилеп. Длабоко веруваме дека туризмот не е само економска можност, туку и моќен начин да го зачуваме, афирмираме и со гордост промовираме богатото културно, историско и духовно наследство...

ЗНАМ кандидати за советници: Посветени на зачувување и унапредување на културното богатство

Дел од кандидатите за советници во Советот на Општина Прилеп од Движењето ЗНАМ За наша претставија проекти за зачувување на културното наследство во Прилеп со неколку иницијативи: