Пари: 192,8 милиони евра оставиле граѓаните во аптекарските каси

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што се „купува здравје“. Таму фармацевтот е од доверба, а зад тие производи и етикети стои жива индустрија што пулсира со здравјето на луѓето и остварува сериозна економска активност.

ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ЗДРАВЈЕТО И БИЗНИСОТ

Анализата на порталот Пари, во која се користени податоците од Бизнис Мрежа, опфаќа 10 аптекарски фирми, кои се на врвот според приходот и добивката. Вкупно 192,8 милиони евра приходи4,7 милиони евра добивки и 2.010 вработени ја одразуваат силата и значењето на секторот трговија на мало co фармацевтски производи во македонската економија. Тоа е индустрија што постојано расте, балансирајќи меѓу здравјето на луѓето и стабилноста на пазарот.

ТОП 10 НАЈМОЌНИТЕ БРЕНДОВИ ВО ФАРМАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Приходите на македонските аптеки за 2024 година се движат во широк опсег ‒ од 3 до 66,1 милион евра. Лидер е Зегин Фарм Скопје со 66,1 милион евра. На второ место е Моја Аптека Скопје со 49,4 милиони евра приход,Еурофарм Битола е на третата позиција со 46,6 милиони евра,Понатаму следат Виа Фарм Вевчани (6,7 милиони евра) со раст од 41 насто во споредба со 2023 година, Виола Скопје (5,8 милиони евра), Мента Фарм Прилеп (4,2 милиони евра), Алпи Фарм (4,5 милиони евра) и Жива Фарм Велес (3,2 милиони евра).

Целиот текст прочитајте го тука ЛИНК

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...