На денешната прес конференција, Билјана Ристеска, кандидат за советник за Прилеп на совеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалиција, посочи дека визијата на нивната партија е зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, “тоа е нашата цел и визија за современ Прилеп!“, рече таа.
Иднината на Прилеп е во создавање зелена, чиста и енергетски ефикасна општина. Нашата цел е да изградиме град кој ќе се развива одржливо, ќе штеди енергија и ќе обезбеди поквалитетен живот за сите граѓани. Во рамките на оваа визија, се залагаме за неколку клучни проекти и мерки кои што ќе ги спроведиме: Реконструкција или поставување ново осветлување , таму каде што немало досега, во приградските и руралните населени места, затоа што секој граѓанин заслужува безбедност и пристојни услови, без разлика дали живее во центарот или во најоддалеченото село.
– Смарт-осветлување за паркови и јавни површини. Ова е современ систем кој ќе овозможи рационална потрошувачка на енергија и подобра видливост во сите делови на градот.
– Подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти. Воведување системи за енергетски менаџмент кои ќе овозможат помала потрошувачка и повеќе заштедени средства за други јавни потреби.
-Поддршка за домаќинства и мали бизниси. Ќе се залагаме да го стимулираме користењето обновливи извори на енергија, како соларни системи и штедливи уреди, кои ќе им помогнат на граѓаните да ги намалат своите сметки и да придонесат за почиста околина
-Пилот-проекти за соларни паркови и биогас постројки, со кои Прилеп ќе направи значаен чекор кон енергетска независност и современ локален развој.
-Енергетски ревизии и јавна едукација. Ќе воведеме континуирана анализа на енергетската потрошувачка и едукативни кампањи за рационално користење на енергијата.
Со овие чекори, Прилеп може да стане модерен, економичен и еколошки град и пример за сите останати општини. Веруваме дека со чесна работа, одговорност и посветеност ќе покажеме дека има можност за поинаков, подобар Прилеп. Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9, за кандидатот за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,потенцира Ристеска .