Денеска во посета на Прилеп беше министерот за спорт, Борко Ристовски.Тој ја посетивме населбата Точила, место каде што младите живеат, растат и сонуваат. Од ВМРО ДПМНЕ во својата изборна кампања, велат дека младите и спортот се иднината на Прилеп:
Заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, разговаравме со жителите и направивме увид во состојбата на спортските терени.Во следните денови започнуваме со комплетна реконструкција на двете спортски игралишта и сите детски реквизити. Затоа што спортот е иднината на младите, а младите се иднината на Прилеп. Ова не се само зборови, ова се конкретни дела, чекори што водат кон подобар живот во секој дел од нашата општина. Нашата мисија е јасна: да создадеме современ, чист и функционален Прилеп, каде секое дете ќе има можност да расте безбедно, активно и среќно,велат во рамките на своите кампањски активности од ВМО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Дејан Проданоски.