Post Title

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 14 ти октомври 2025 г./ вторник/ во кино Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм „Диџеј Ахмет“кој  моментно е на врвот во филмската уметност во земјава. Режисер на филмот е Георги М. Унковски. (возраст 12 +, 100 м. траење)
Улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Mехме, Дора Акан Златанова.
„Диџеј Ахмет“ е прв дологметражен филм на режисерот Георги М. Унковски, во кој се говори за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село воМакедонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг.
Во филмот се зборува на турски и на македонски јазик. Главната улога на Ахмет му е доверена на Ариф Јакуп, натуршчик кој за филмот е избран на кастинг, заедно со Агуш Агушев, кој го толкува неговиот брат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...