Изборна кампања на ВМРО ДПМНЕ – народен митинг во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп вечерва се одржа народен митинг на ВМРО ДПМНЕ во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Свое обраќање имаше Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за иднината, визија на која се работи за подобрување на инфраструктурното поврзување на Прилеп :

„Вечерва најавувам дека активно работиме во соработка премиерот и Јавното претпријатие за државни патишта за најдобро решение кое што ќе оди од Фариш до Прилеп со цел Прилеп да биде од двете страни поврзан или со автопат или со експресен пат и да го направи срцето на централна Македонија каде ќе се развива бизнисот. За многу брзо време излегуваме и со ова решение. Кога целосно ќе се заврши и делот од Фарип до Прилеп, тогаш патувањето до Скопје ќе биде 1 час и 10 минути. И денес се стигнува до Скопје за 1 час и 20 тина минути бидејќи ја решивме Дреновската клисура кој што беше навистина еден голем инжинерски потфат. Со завршувањето на автопатот меѓу Прилеп и Битола и поврзувањето од Фариш до Прилеп целосно ќе се реализира Коридорот 10 Д што значи ако сега од Скопје до Атина се патува 8 до 8 и пол часа, ќе се патува за 5 до 5 и пол часа, што целосно ќе ја промени динамиката во овој дел на Македонија и во проток на возила и во делот на бизнис, посочи Николоски од Прилеп.

Кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски ја претстави својата визија за развој на градот, истакнувајќи ја важноста на историското наследство и современиот развој, нагласувајќи ги четирите клучни столбови за развој на Прилеп:

Урбана и еколошка обнова – решавање на проблемот со Градската Река, изградба на кејски ѕидови, пешачки и велосипедски патеки, нови паркови и обиколници за подобрување на сообраќајот и намалување на загадувањето.
Силна економија и нови работни места – уредување на индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“, создавање услови за нови капацитети и поддршка на малите и средни претпријатија.
Квалитетен живот за сите генерации – изградба на нова детска градинка, реконструкција на училишта, спортски сали и културни институции, како и грижа за старите лица преку јавен сервис за помош и реконструкција на старскиот дом „Киро Крстески-Платник“.
Комплетна реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на театарот „Војдан Чернодрински“.
Реконструкција на спортската сала „Македонија“ и  изградба на нов, мултифункционален спортски центар
Реконструкција на старскиот дом „Киро Крстески-Платник“
Модерна, ефикасна и безбедна општина – воведување на електронски услуги за граѓаните и реализација на проектот „Safe and Smart City“ со видео надзор на клучни локации.

Проданоски посочи дека визијата за Прилеп со приоритетните задачи не е само список на проекти:

„Ова не е само список на проекти. Ова е наша визија за Прилеп – град кој е економски силен, зелен, безбеден и грижлив за сите жители. Град каде што младите остануваат, семејствата напредуваат, а нашите највозрасни живеат со почит“, рече Проданоски, повикувајќи ги граѓаните на партнерство во остварување на плановите.

Претседателот на  ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор се осврна и на националните теми на францускиот предлог и договорот со Бугарија и истакна дека политиката на СДСМ во однос на прашањата со соседите е чиста капитулација, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи предавства и потценување на државата. Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври.

„Доаѓа време на работа, време на чест, време на резултати! И кога ќе ја погледнеме иднината, ќе можеме да кажеме со гордост: Да, ова беше вистинскиот избор. Ова беше нашиот човек. Ова е нашето место. И да, ние ова место го одбранивме, и заедно ја изградиме нашата иднина. На 19 октомври да гласаме за број 9. Пред нас е време на пресврт, време кога зборовите ќе донесат резултати и кога ветувањата ќе се мерат со дела, а политиката со подвизи, порача од митингот во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп. Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски”...

(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици. . Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација...