Во рамките на програмата по повод 11 Октомври, а во пресрет на Меѓународниот ден на руралните жени,15 Октомври – кај Градскиот саат од 10 и 30 до 15 часот ќе се одржи Саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ Агро Лидер.
Целта на настанот е да ја слави посветеноста, трудот и улога на жената во зачувувањето на традицијата, обезбедувањето здрава храна и развојот на одржливи рурални заедници.
Ќе има изобилство од земјоделски производи и домашни деликатеси, едукативно катче за најмладите, театарски перформанс „Живот на село“ со професионални актери и дружење и забава за сите генерации!









