Визија за културниот развој на Прилеп во програмата на ВМРО ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Културата е душата на еден град, а Прилеп отсекогаш бил препознатлив по својата богата уметничка традиција, по театарот, музиката и бројните културни настани кои ја одразуваат креативната енергија на прилепчани“, нагласи кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата, Дејан Проданоски, на денешната прес конференција пред ЦК „Марко Цепенков“.

„Затоа, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, посветуваме посебно внимание на унапредување на културната инфраструктура за да создадеме современи услови за нашите уметници и културни работници, но и за граѓаните кои ја сакаат и ја живеат културата. Еден од најзначајните проекти е комплетната реконструкција на Театарот „Војдан Чернодрински“, симбол на прилепската театарска традиција и гордост на нашиот град. Просторот ќе биде целосно обновен, со нов кров, современ ентериер и уредување на хортикултурата околу објектот. Ќе се искористи постоечката архитектура и одличната акустика на салата, со што ќе се добие модерен театарски дом, достоен за нашиот театарски ансамбл и за сите љубители на сценската уметност. Со оваа реконструкција, прилепчани ќе добијат репрезентативен културен објект, каде ќе гледаме нови премиери, фестивали и современи театарски продукции. Паралелно со тоа, ќе се реализира и реконструкција и пренамена на просторот кај поранешната стара библиотека, кој со години е запоставен и нефункционален. Со овој проект, таму ќе се формира градска галерија и мала концертна сала. Ново живо културно јадро, каде ќе се одржуваат изложби, камерни концерти и настапи на млади уметници од Прилеп. Третиот значаен проект е внатрешната реконструкција, надградба и доградба на Националната установа, Центар за култура „Марко Цепенков“. Со тоа оваа институција ќе добие нов, модерен изглед и уште подобри услови за работа. Центарот ќе продолжи да биде срцето на културниот живот во Прилеп, дом на бројни фестивали, концерти, театарски претстави и промоции кои ја негуваат традицијата и го поттикнуваат културниот развој на нашиот град. Прилеп заслужува да биде регионален центар на културата, како град кој не само што ја чува својата традиција, туку создава нови вредности и ја поддржува идната генерација уметници. Со овие конкретни и реални проекти, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата докажуваат дека се единствениот вистински избор за Прилеп. Избор кој носи развој, грижа и вистински напредок за нашиот град и за сите прилепчани.“,итакна тој.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп. Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски”...

(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици. . Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација...