Десет дена од изборната кампања за Локалните избори 2025 – кандидатите за градоначалници и советници на терен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На десеттиот ден од изборната кампања, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, Кривогаштани и Прилеп.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври.  Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...