„Прилеп – Туристички Град“ е визијата на Ѓорѓија Игески независен кандидат за градоначалник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, Ѓорѓија Игески, влегува во трката за градоначалници со мотото „Одиме храбро, чесно и работно!“ Тој истакнува дека ги разбира проблемите на градот и ветува дека ќе биде „гласот на народот“. Тој во својата програма за развој ја нуди својата визија за Прилеп.

Радио Пела: Кој е Ѓорѓија Игески и зашто одлучивте да се кандидирате за градоначалник на Прилеп?

Јас сум ваш сограѓанин. Како и сите вие, живееме со проблемите и предизвиците на нашиот град. Како приватен стопанственик, знам што значи да се работи напорно, да се создава и да се бори за подобар живот. Како семеен човек, знам што е потребно за сигурна иднина на нашите деца. Се кандидирав за да ја вратиме чесноста и одговорноста во Општина Прилеп. Време е за промени, за конкретни дела,а не само за празни ветувања. Време е да го изградиме Прилеп во кој секој ќе сака да живее, работи и расте. Да ставиме крај на поделбите и да се обединиме за Прилеп.

Радио Пела: Кои се вашите конкретни планови за подобрување на квалитетот на инфраструктурата една од најчестите коментирани теми на прилепчани.

Игески: Итно асфалтирање на сите улици и подобрување на патната инфраструктура за подобар локален развој, уредување на пешачките и велосипедските патеки и јавните паркови, решавање на сите проблеми со водоснабдувањето, реконструкција на водоводната мрежа и изградба на нови линии, подобрување на хигиената во сите населби, зголемување на зелените површини, спроведување на систем за селекција и рециклирање на отпад, редовно чистење и одржување на реката и речното корито.

Радио Пела: Кој според вас е најважниот проект за Прилеп?

Игески: Би споменал неколку за мене важни проекти: Враќање на Сјајот на Старата Чаршија – итно зафаќање за уредување на Чаршијата и стариот дел на градот со цел да се врати нејзиниот автентичен изглед. Овој потег ќе биде проследен со поттик за развој на мали бизниси и занаети, со што Чаршијата повторно ќе стане центар на економскиот и културниот живот на прилепчани. Маркови Кули како образовен и одржлив Комплекс – централен проект во мојата програмата се „Маркови Кули“, кој е замислен како едукативен, образовен и финансиски одржлив комплекс. Планот предвидува:

Целосна заштита: Оградување на локалитетот со ограда и воведување видеонадзор за трајна заштита на светското културно наследство.
Пристапност: Изградба на уреден асфалтен пат, поставување информативни табли и обука на туристички водичи.
„Едукативен еко-парк: Овој парк ќе вклучува ботаничка градина, мал археолошки музеј, дел со домашни животни и објекти за сместување и угостителство, со што локалитетот ќе биде функционален во текот на целата година. Во програмата се вклучени и мерки за дигитализација и промоција на градот:

Изработка на дигитални туристички мапи и поставување добро означени патокази низ целата општина.
Активна организација на фестивали и културни настани кои ќе привлечат посетители.
Директна работа на вклучување на Прилеп во европски програми за туризам, со што ќе се обезбеди пристап до странски фондови за развој.

Овие проекти се клучни за економскиот пресврт на Прилеп, создавање нови работни места и подигнување на квалитетот на животот на прилепчани.

Радио Пела: Што му треба за успех на Прилеп?

Игески: Економски развој и поддршка на бизнисот. Со инвестиции од европски фондови и држани програми, ќе дадам поддршка на малите и средни претпријатија, ќе овозможам поедноставување на процедурите за градба и отворање на нови бизниси, субвенции за семејствата и поединци за развој на земјоделието и занаетчиството и поддршка на млади претприемачи, стартап и ИТ компании. Но, важно е да се воспостави механизам за борба против корупцијата, криминалот и трговијата со дрога. Ќе се залагам за нулта корупција, криминал и трговијата со дрога, за јавен пристап до сите трошоци и одлуки во Советот, создавање на локален совет за транспарентност и интегритет и ќе предложам пилот-проект на државно ниво за легализација на канабисот за лична употреба во контролирани количини.

Радио Пела: Прилеп веќе неколку децении нема спортски сали и театар. Каква е вашата визија за развој на културата и спортот?

Игески: Итно реновирање на двете спортски сали и ставање под надлежност на општината, Реновирање на веќе постоечките спортски сали и игралишта, планирам финансиска поддршка на спортските клубови и младински школи, награди и стипендии за најуспешните спортисти, стратегија за развој на спортот преку јавно-приватно партнерство и итно плаќање на долгот или замрзнување, и барање на нов инвеститор за прилепскиот спортски фудбалски бренд ФК „Победа“. Се разбира финансиска поддршка ќе имаат културните манифестации, фестивали и уметнички проекти, реконструкција на културните домови и ново кино/театар, финансиска поддршка на уметниците и културните здруженија.

Во мојата програма е вклучено и образованието со креирање на развојни програми за дигитализација во училиштата, воведување дополнителни секции за странски јазици, ИТ и уметност, обуки за наставниците и задолжително неделно поднесување на извештај за потребите и предлозите на сите училишта

Дозволете ми да бидам “гласот на народот“! Верувам дека заедно ќе можеме да создадеме подобар град за сите генерации!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...