Караванот, Локални Избори 2025 на СДСМ и Коалицијата , под наслов „Се бориме за Вашиот дом“ утре (08.10 2025) среда ќе биде во Прилеп.
На трибината ќе говори претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој ќе даде поддршка на своите кандидати, кандидатката за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Петра Лукароска и носителката на кандидатската листа за советници, Драгица Николоска.
На трибината, во НУЦК „Марко Цепенков“, како што најавија од ОО на СДСМ, ќе стане збор за проблемите кои ги засегаат граѓани на Прилеп, за решениата и можностите кои ги нуди оваа политичка опција доколку ја добие довербата на граѓаните на престојните Локални Избори кои ќе се одржат на 19 ти октомври.









