ФК Големо Коњари ќе им го “позајми“ стадионот на младата репрезентација на Ерменија до 21 година

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Големо Коњари, фудбалскиот второлигаш од Прилеп, ќе им го “позами“ игралиштето на Младата репрезентација на Ерменија до 21 година. Тренингот на младите фудбалски репрезентативци од Еремнија ќе се одржи во текот на утрешниот ден (среда) од 16.30 часот .

– Голема чест и голема радост за нашиот клуб и нашето место. Обезбедивме се што е побарано од нас. Сите потребни услови ќе ги има репрезентацијата на Ерменија – пишува Шампион.мк по изјавата на  Тони Даноски, претседател на ФК Големо Коњари.

Дуелот Македонија – Ерменија е во рамките на 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2027. На 10 октомври, македонската фудбалска селекција  до 21 година, во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија.

Повеќе на страната на Шампион.мк

TУКА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...