Витаминка ја презентира својата понуда на Ануга, најголемиот глобален саем за храна

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Витаминка и оваа година го продолжува својот континуиран настап на најголемиот меѓународен саем за храна и пијалаци – Ануга, кој традиционално се одржува во Келн, Германија.

Со богата и внимателно селектирана понуда од својата слатка и солена програма, компанијата повторно ја претставува македонската прехранбена индустрија пред светската бизнис и стручна јавност. Посетителите на штандот на Витаминка имаат можност да ги запознаат и дегустираат најпознатите брендови на компанијата, како и најновите производи кои ги следат современите прехранбени трендови и вкусови.

„Присуството на Ануга претставува извонредна можност за директен контакт со партнери и потенцијални купувачи од целиот свет. Настапот меѓу водечките глобални производители на храна е уште една потврда дека Витаминка е препознаена како сигурен и иновативен бренд надвор од македонските граници. Тоа е дополнителен поттик за постојан развој, зајакнување на извозот и ширење на нашето присуство на нови пазари“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Ануга и оваа година се потврдува како централно место на светската прехранбена индустрија, каде што се презентираат најновите иновации и трендови. Саемот обединува повеќе од 7800 изложувачи од над 110 земји, меѓу кои и водечки компании од Европа, Америка и Азија, кои ги претставуваат
најдобрите решенија и инспирации од светот на храната.
Присуството на Витаминка на оваа значајна манифестација уште еднаш ја нагласува посветеноста на компанијата кон квалитет, развој и промоција на македонските производи на глобалната сцена.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...

Андоновски од Прилеп: Контролата за користење на интернетот кај децата е на родителите, а не на државата

Македонија нема намера по примерот на некои европски земји да го ограничува користењето на социјалните мрежи за децата. Најважна улога во контролата за користење на интернетот и апликациите треба да ја имаат родителите, а не државата. Министерство за дигитална трансформација доставило апликации до училиштата за родителите да знаат кои апликации...