Проданоски: Градската Река ќе стане гордост на прилепчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски денеска на прес конференција истака дека градската река ќе стане гордост на прилепчани.

„Од заборавена и запуштена, таа ќе се претвори во жив простор за сите генерации на Прилеп. Ова е уште еден од нашите приоритетни проекти, Реконструкција на речното корито од населбата Сточен Пазар до градскиот базен Маркови Кули и новиот мост на ул. „Победа“, или вкупно 4,5 километри должина.„,рече тој

На површина од повеќе од 14 хектари, ќе изградиме пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување. Со новите пешачки мостови и реконструкцијата на коритото ќе ги поврземе двата брега во градот, отворајќи нови комуникациски правци и олеснувајќи го пристапот на нашите сограѓани кои живеат во населбите покрај реката.  Нашата цел е јасна: Уреден кеј за рекреација, дружење и семејни активности, чист и безбеден за сите граѓани. Со овој проект ќе создадеме модерен и функционален простор кој ќе го трансформира централниот дел на Прилеп во симбол на чистота, убавина и напредок. Простор кој што ги поврзува луѓето, ги охрабрува да се рекреираат, да се дружат и да уживаат во природата.

Оваа трансформација,вели Проданоски, со сигурност значи подобрување на квалитетот на живот во општина Прилеп.

Со реконструкцијата ќе ги поврземе населбите околу реката и ќе го олесниме пристапот за сите граѓани, без разлика дали живеат блиску или подалеку од центарот на градот. Пешачките и велосипедските патеки ќе го направат движењето низ градот побезбедно, полесно и поубаво. Чистењето и уредувањето на реката е особено значајно за животната средина, со што уште еднаш би го докажале епитетот на Прилеп како најзелена општина во Република Македонија. Тоа значи дека се грижиме за иднината на градот, ги зачувуваме водните ресурси и создаваме простор што ја подобрува екологијата и квалитетот на воздухот во Прилеп.

Градската Река ќе стане симбол на новиот Прилеп,место каде природата и урбаната убавина се спојуваат,  вели Проданоски,  тврдејќи дека децата ќе растат во чист и безбеден град.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...

Андоновски од Прилеп: Контролата за користење на интернетот кај децата е на родителите, а не на државата

Македонија нема намера по примерот на некои европски земји да го ограничува користењето на социјалните мрежи за децата. Најважна улога во контролата за користење на интернетот и апликациите треба да ја имаат родителите, а не државата. Министерство за дигитална трансформација доставило апликации до училиштата за родителите да знаат кои апликации...