Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп ќе добие уметничка илуминација, најави Проданоски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Марковите Кули ќе блеснат во ново светло, симболот на Прилеп добива современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне неговата убавина и историја, изјави Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Реконструкција на пристапните патишта до овој локалитет и целосно осветлување на Марковите кули. Ставивме во програма да го осветлиме и илуминација на овој комплекс овде. Дополнително, нешто да го надградиме, бидејќи навистина ни е важно, клучното место во градот да го заживееме да има еден побрз културен напредок. Од 2006 година Маркови кули целиов предел, не само ридот, туку и околниот простор се ставени под заштита. Значи, прогласен е за споменик на природата, како предел со исклучителни вредности. Значи, во секој случај илуминацијата не е нарушување на просторот доколку се изведе онака како што е предвидено, односно врз веќе постоечка инфраструктура на просторот надвор од споменикот и итн. Ако го осветлиме, ќе добиеме прво еден посовремен, поубав лик да го претставиме ова културно богатство коешто го имаме од средновековието и да ја збогатиме на некој начин туристичката понуда“, рече тој.

Со паметни интервенции со паметно вложување, додаде Проданоски, само понатаму може да се унапредува и да се зголемува вредноста на самиот локалитет и можностите кои градот ќе ги добие покрај едно вакво природно и културно наследство.

Идејата согласно програмата е да се обнови осветлувањето коешто некогаш сме го имале со современи уреди да се дополни, односно да се вклучи во она што е понатаму за развој на градот во Сејф Сити, да вклучиме и видео надзор за ова природно богатство да не се уништува и понатаму овие Маркови кули да се реконструираат. Постојат големи можности да се одвиваат работите во тој тек. Во оваа прва фаза ја поздравувам идејата да се вклучи Сејф Сити во Марковите кули“, рече Проданоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...