Повеќе лица запишани во избирачкиот список од предходните избори

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Иселеници, затвореници, но и стари лица во домовите се запишани повеќе во избирачкиот список за овие локални избори споредбено со претходните во 2021.

Сепак иако бројката на лица кои се на привремена работа во странство е за 29. 539 поголема во споредба со претходните локални избори, а вкупно  112 илјади кои се запишани во посебениот избирачки список кои се одјавиле и се на привремена работа и престој во странство, сепак на овие локални избори дијаспората нема да има право на глас. Право на глас ќе имаат само оние кои во тој период ќе бидат вратени, па со уредна документација ќе можат да го остварат своето гласачко право.

112 илјади            на привремена работа во странство

2162                     на издржување казна затвор или притвор

450  лица             во домови за стари лица

За 263, поголема е и бројката на лица  што се во казнено поправните установи, а вкупно изнесува   2 162 гласачи кои се на издржување казна затвор или притвор. Во домовите за стари лица пак регистрирани се 450 лица со право на глас или стотина повеќе од последните локални избори.

На овие избори вкупно право на глас имаат 1.832.415 граѓани од кои 1.717.803 избирачи се запишани во редовните изводи на Избирачкиот список, додека другите 112.000 се на списокот за привремена работа или престој во други земји.

Најдоцна една недела пред изборите (до 10 октомври) болните и изнемоштените кои сакаат да гласаат дома треба да достават барања до Општинските изборни комисии со соодветна документација. Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор, а кои сакаат да гласаат, преку овластен полномошник треба да ја известат ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање (14 октомври).

Гласањето за нив, како и немоќните и болните, за затворениците и лицата во старските домови избирачките одбори го спроведуваат на ден пред изборите односно на 18 октомври.

Буџет за локални избори 2025  – 9. 760 000 евра 

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 година изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.

Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на  избирачкиот материјал  до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...