( ФОТО) Свечено првачината дадоа заклетва дека ќе учат и ќе ги почитуваат учителите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денес, на 5 октомври  на Светскиот ден на учителот,  првачињата дадоа свечена заклетва дека ќе ги почитуваа и слушаат своите учители,  На Могилата на непобедените тие се зафтија дека ќе учат и ќе собираат знаење дека ќе бидат добри, вредни и успешни ученици, со што и официјално станаа дел од „семејството“ ученици.

Под слоганот „Со мали чекори кон големи соништа“ настанот беше исполнет и со низа спортски активности  во паркот на Могилата и на спортските игралишта,  каде децата уживаа на топлото есенско време,се забавуваа и беа дел од свечаноста и случувањата . Настанот го поддржа и  го поздрави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кои на учениците им посака успешни школски години во нивното патување низ светот на знаењето.

Воедно беше одбележан и Светскиот ден на учителот, за кои беше нагласено дека преставува една благородна професија кој е водилка и поддршка на секое дете. „Учителите се темелот врз кој се градат знаењето, вредностите и иднината на секоја генерација.“ беше потенцирано на настанот во организација на општина Прилеп.

Прилеп оваа година има 650 првачиња.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...