(ВИДЕО) По 15ти пат во Прилеп се одржува меѓународниот џудо турнир „Прилеп град херој – Цевитана Куп 2025″

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Традицијата продолжува , по 15 пат во техничка организација на џудо клубот Сеишин од Прилеп се одржува меѓународниот турнир Прилеп Град Херој – Цевитана куп 2025 година.Околу 300 натпреварувачи успехот го бараа на татамите во машка и женска конкуренција.Годинава на турнирот за прв пат се појавија и екипи од Англија, Турција и Словачка  кои според кажувањата на нивните предводници се воодушевени од самата организација и воопшто од гостопримливоста на прилепчани како град домаќин на оваа манифестација.Од прилепскиот џудо клуб Сеишин велат дека полека но сигурно овој џудо турнир веќе е препознатлив низ Европа па затоа секоја година се обидуваат да воведат по некоја новина од страна на поканети клубови , се со цел турнирот да добија уште поголема масовност.За спортската редакција на Радио Пела еве што се имаа да кажат дел од учесниците и секако домаќините.Погледнете во видеото подолу.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...