Проданоски: Реконструкција на ул. „Александар Македонски“ е приоритетен проект за Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ го посочи еден од приоритетните проекти – реконструкција на улицата „Александар Македонски“, која, како што рече ќе се одвива во две фази:

„Оваа улица е една од најважните сообраќајни артерии во Прилеп, таа е нашата порта кон градот. Сите знаеме во каква состојба е денес: тесна и небезбедна и за возачите, и за пешаците, и за велосипедистите. Оваа фактичка состојба не одговара за модерен и развиен Прилеп. Затоа решивме дека веднаш е потребна целосна промена, која што ќе биде од особено значење за бизнис секторот и стопанството кое што продолжува да се развива на оваа страна од градот. Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата, ќе ја реконструираме делницата од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот ,,Анита” во должина од 1200 метри. Во втората фаза, ќе ја изградиме делницата од 3200 метри, од ,,Анита” до Ново Лагово. Таму предвидуваме доградување на постојниот профил, тротоари од двете страни, како и современи велосипедски патеки, затоа што пешаците и велосипедистите мора да имаат подеднакво безбедно и достоинствено место во сообраќајот. Ова нема да биде само обична реконструкција на коловоз. Ќе извршиме и целосна замена на водоводната и канализационата линија, ќе поставиме нови рабници и сливници, а за прв пат во Прилеп ќе користиме самонивелирачки капаци на шахтите, решение кое гарантира квалитет, трајност и безбедност на оваа клучна инфраструктура. На оваа улица ќе изградиме и нов кружен тек кај ,,Димо Наредникот”, со што ќе овозможиме побрз, побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот, без застој и гужви. Со реализацијата на овој проект, секој ќе добие свој простор, пешаците–безбедни тротоари, велосипедистите-современи патеки, а возачите- широка и уредена улица. Драги мои сограѓани, оваа инвестиција ќе биде еден од симболите на еден нов Прилеп, модерен, европски, со инфраструктура која му служи на секој граѓанин. Ова е визијата што ја градиме заедно, визија за модерен Прилеп, рече Проданоски,“кандидат за градоначалник на Прилеп од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...