Седумдневна програма по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на Општина Прилеп оваа година подготвена е богата седумдневна програма по повод 11 Октомври Денот на народното востание на македонскиот народ, исполнета со културно-забавни и спортски настани.

На 4 ти октомври, сабота од 10 часот започнува Меѓународниот традиоционален турнир во џудо „Прилеп град херој – 2025“ во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, во организација на Џудо клубот Сеишен.
На 7 ми октомври со почеток од 17 и 30 часот во Градската библиотека Борка Талески ќе се одржи настан насловен „Низ стихови за татковината“ – Вечер со родољубива поезија.
Од 9 ти до 11 ти октомври на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од 9 и 30 до 16 часот ќе се одржува традиционалниот Фестивал на медот.

Од 9 ти до 12 ти октомври ќе се одржува „15 години Поетски слем Македонија – Театарска работилница – Прилеп од 18 до 20 часот на платото кај Саат Кулата.

На 9 ти октомври од 14 часот во Цепенков ќе биде отворена изложбата „Вечито“ по повод 100 години од раѓањето на архитектот Богдан Богдановиќ, автор на Могилата на непобедените.

На 10 ти октомври на платне во 12 часот на Плоштадот Методија Андонов Ченто учениците од прилепските училишта со нивните ментори ќе изведат перформанс – формирање на македонското знаме, а од 18 и 30 часот во Ликовната галерија при НУЦК Марко Цепенков ќе биде отворена изложбата на Друштвото на ликовни уметници Прилеп.

Истиот ден вечерта на 10 ти октомври, од 19 и 30 часот започнува свечената програма по повод 11 Октомври на Плоштадот Александија со изведба на македонската химна, со настап на КУД Пере Тошев и поздравен говор на градоначалникот Борче Јовчески. Програмата продолжува со импровизираниот напад на Участакот и огномет.  Вечерта е резервирана и за концерт на македонската музичка ѕвезда Влатко Лозаноски.

На 11 ти октомври од 9 часот општински и државни делегации, граѓани ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на прилепските херои Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и на Могилата на непобедените.

Во просториите на Црвениот крст Прилеп на 11 ти октомври, од 9 до 14 часот ќе се реализира традиционалната крводарителска акција, додека пак на платото кај Саат кулата од 10 и 30 до 15 часот ќе се одржи  Саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ Агро Лидер. На булеварот Гоце Делчев и годинава од 10 до 19 часот ќе се одржува традиционалната презентација на автомобили олдтајмери – Тјунинг кар шоу.

На 12 ти октомври според програмата ќе се реализира Сава Мариово тура – велосипедска трка во организација на Нови маркови внуци. Стартот на трката е од 10 часот пред камената бина во центарот на Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...