По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, ќе чествува со настан насловен „Низ стихови за татковината“.
Програмата започнува од 17 и 30 часот со „Историски осврт“ посветен на 11 Октомври од историчарот Горјан Василески. Стихови со родуљубива поезија ќе читаат актерите Даниела Иваноска и Александар Тодески, а со музички перформанс ќе настапи прилепската вокална интерпретаторка Добрила Грашеска.









