Утре, во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ќе се одржи 15. традиционален меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој 2025 – Цевитана куп“.
Турнирот е во организација на џудо-клубот Сеишин од Прилеп, а со поддршка на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) и е за возрасните категории, деца, помлади пионери и пионери, во машка и во женска конкуренција.









