Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во Пелагонија максималните температури ќе се движат од 38 до 40°C, додека најтопло ќе биде во Скопски, Вардарски и југоисточен регион каде живата во термометарот ќе се движи од 38 до 42°C.

Министерството за здравство веќе издаде препораки за заштита од високите температури, особено за периодот од 20 до 24 јули, кога се очекуваат најекстремните температурни вредности.

Најпогодени ќе бидат градовите во внатрешноста и Пелагонија, каде според прогнозите, температурата може да надмине 41 степен Целзиусов.

Граѓаните се повикуваат да останат во затворени и ладни простории, особено во периодот меѓу 11:00 и 17:00 часот. Се препорачува консумација на многу течности, избегнување на алкохол и засладени пијалоци, носење светла и лесна облека, како и избегнување на физички напор во најжешкиот дел од денот.

При појава на симптоми како вртоглавица, главоболка, забрзано чукање на срцето или општа слабост, треба веднаш да се побара лекарска помош.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел...

(ВИДЕО)Собир на „Спас за Прилеп” пред Општината за поддршка на две иницијативи

Пред општинската зграда денеска се одржа собир во организација на неформалната група „Спас за Прилеп“. Собирот се реализира како знак на  поддршка на дел од советниците кои започнаа иницијатива за отпочнување на постапка за научна студија за влијанието на рудниците за мермер во прилепско и основање на месна заедница во...

Прв независен советник во советот на Општина Прилеп

Советникот, Мирјана Стеваноска на 14 -тата Седница на Советот на Општина Прилеп денеска одлучи  да биде независен советник во Советот на Општина Прилеп. Ваквата одлука Стeвanoскa, како што рече на денешната редовна седница од говорницата, на прилепскиот Совет, ја донела лично и без ничие влијание. Стеваноска во Советот на Општина Прилеп...