Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.

Горди сме да објавиме дека од денес, во нашата болница е пуштен во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS. Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.

Што значи ова за пациентите и персоналот? Брза и сигурна стерилизација на медицински инструменти, текстил и потрошен материјал, Напредна превакум технологија и заситена пареа за максимална ефикасност, Целосно автоматизирана контрола преку LCD екран, Сигурност и прецизност со систем за проверка на температура, притисок и врата, Печатење извештај за секој циклус – за целосна следливост и отчетност. Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство, посочуваат од Болницата!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Поезија и цртање во детската зона на МТФ „Војдан Чернодрински”

Денес во рамки на фестивалот МТФ Војдан Чернодрински започна програмата на ,,Детска зона” со ликовна работилница за деца со ликовните уметници и педагози Методи Исков и Елена Димоска од студиото Артикал и со перформанс на Филип Димоски и Лина Димоска со македонска поезија за деца. Поетскиот перформанс насловен,,Сончева патека” беше...

(ВИДЕО)Започна 59-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп

Со обраќањата на директорката Ана Стојаноска, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, а под потото „Смеј се и осмели се“ започна годинешното 59 издание на најзначајниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Пред преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ им беа...

Вечерва започнува 59-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Фестивалот ќе започне со доделување на наградите за животно дело на  Соња...