Едукативна претстава за најмладите за безбеденост во сообраќајот, а Прилеп со стратегија за сообраќајно побезбеден град

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Преку забавен, едукативен пристап, со  детска претстава, насловена „Застани, погледни, па на пешачки премини“, околу 600 првачиња од Прилеп и Крвогаштани учеа за основните правила за безбедно однесување во сообраќајот, за безбедност на пат до училиште, за тоа како да бидат внимателни и одговорни како пешаци или велосипедисти, но  и како да бидат одговрни како идни возачи. Кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ја спроведува РСБСП во соработка со Министерството за внатрешни работи и општините, има за цел да се подигне сообраќајната културата кај најмладите ученици, “но и кај сите учесници во сообраќајот“ исткана, Горан Ангелоси, Претседател на РСБСП.

„Цел е да не нѝ се случуваат несакани последици и човечки жртви. Продолжуваме со активни кампањи и за матурските прослави, за да укажеме дека за време на матурските прослави матурантите да не конзумира алкохол и да не управува со моторно возило. Едукативните превентивни кампањи вродија со плод. Тоа нѝ дава мотив да ги спроведуваме што повеќе. Минатата година во рамките на кампањата немавме ниту една сообраќајна несреќа каде што смртно страдаше матурант., посочи м-р Горан Ангелоси, претседател на РСБСП.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски во оваа насока ја истакна важноста од едукација, но и крирање на студија за сообраќјно побезбеден град.

“Како Општина Прилеп работиме на сообраќјно побезбеден град, иако сме далеку од они норми кои треба да ги има еден европски град. Но, во овој мандат делуваме на подобрување на инфраструктурата за побезбедно движење по сите урбaни инфраструктурни објекти кои ги има Општина Прилеп. Со Техничкиот факултет во Битола работиме на изготвување техничка студија за регулација на сообраќајот, за детектирање на критичните точки во градот, како што се крсносницата кај „Чумовчанец“, ул. А. Македонски, ул. Сотка Ѓорѓиоски и ул. Иво Лола Рибар, крстосницата кај Бул. „Гоце Делчев“ со ул. Браќа Миладиновиц и ул. Трајко Николоски, во близина на новата автобуската станица и раскрсницата со ул. „Прилепски Бранители“ и ул „Пере Тошев“, но и други раскрсници каде брзината на движење на автомобилите е поголема од дозволеното. Со оваа сручна студија дирекно би ја подобриле безбедноста во сообраќајот на сите учесници. Воедно, очекувам дека и Прилеп во 2027 година, ќе стане сообраќајно побезбеден град со воведување на системите „Сејв сити“, кои во моментов ги има во неколку градови во Македонија, истакана  Проданоски.

 

Настанот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е дел од континуираните активности на РСБСП спроведени во повеќе градови во Македонија, насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност кај децата и младите, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат од полноќ

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денара за литар, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денара за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за...

Карго железничкиот сообраќај за потребите на стопанството повторно ќе се враќа во Прилеп

Во работната посета на Прилеп, Министерот за транспорт и врски, Александар Николски имаше средба и со преставници од големите прилепски компании, кои го нагласив  повторното враќање на карго-сообраќајот во Прилеп, за потребите на стопанственицте Николоски посочи дека со враќањето на карго железничкиот сообрајќај компаниите ќе ги намалат трошоците  за транспорт...

Прилепската болница го зголемува својот специјалистички тим

Прилепската болница го зголемува својот специјалистички тим. Д-р Афродита Аџиоска се приклучува на кардиолошкиот тим во болница. Од европско искуство до домашно здравство – д-р Афродита Аџиоска, специјалист по кардиологија со професионално искуство стекнато во Софија, Р. Бугарија и 2.5 г во Германија, од денес е дел од кардиолошкиот тим...